Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени

Заев: На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени

На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при денешната посета на Прилеп.

Тој денеска изјави дека се исполнети условите за фер и демократски избори. Вели дека избирачкиот список е прочистен и дека има тренд на медиумско изблансирано известување. Според него, 80.000 фиктивни гласачи се тргнати, што беа 7,5% од вкупниот број гласачи.

„Сега секој граѓанин кој гласа, ќе знае дека ќе влијае на иднината на својата земја. Во медиумите имаме значаен исчекор. Ја испраќам пораката дека е респект трендот од избалансираност во медиумите. Тоа важи за сите медиуми. Верувам дека оваа изјава ќе ги охрабри уште повеќе – да има фер и медиумско избалансирано информирање за сите. Тоа беа двата услови што ги баравме“ - кажа Заев.

СДСМ ќе се залага за минимална плата од 12.000 денари, а просечната да биде 30.000 денари. Заев објаснува дека тоа ќе го направат со директно стимулирање на домашните компании со 108.000 денари годишно или по 9.000 денари месечно за новопримен работник на кого работодавецот ќе му обезбеди просечна, или надпросечна плата. Работодавачот наредната година ќе има обврска да вработи повеќе работници од претходната година.

Слично

Поврзани вести