Заев-Мултановски:На Македонија ѝ се потребни регуларни избори час поскоро
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски, со кого разговаралe за актуелната политичка ситуација во Македонија, планот за излез од кризата и за евроатланските интеграции на земјата.
Заев додал дека неговата партија е отворена за дијалог за решавање на кризата во државата.
„Објавивме план за излез од кризата, преку обезбедување на владеењето на правото и спроведување слободни, фер и регуларни избори, што поскоро. Врз база на принципите договорени во Пржино, треба да се организира влада која ќе ги исполни сите услови за фер и регуларни избори. На Македонија ѝ се потребни регуларни избори час поскоро, кои ќе бидат гарант дека слободната волјата на граѓаните ќе биде испочитувана во целост“- кажал Заев на средбата.
Заев и амбасадорот констатирале дека повлекувањето на аболицијата е добра можност да се отвори пат за враќање на правдата.
