Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев му возврати на ВМРО ДПМНЕ: Струмица е пример како се работи законски

Заев му возврати на ВМРО ДПМНЕ: Струмица е пример како се работи законски
Општина Струмица е пример како се работи законски, одговорно и во интерес на граѓаните, одговори преку соопштение струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кого ВМРО ДПМНЕ денеска го обвини за непотизам во јавните набавки. Заев ги отфрла обвинувањата и вели дека целокупната тендерска документација, за сите јавни набавки во Општина Струмица е објавена и проверена по неколку пати од институциите, при што било констатирано дека јавните набавки се спроведени согласно законите. „Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во афери и скандали кои ја тресат нивната Влада, поврзани со наместени тендери, криење на имот, милионски злоупотреби на парите на граѓаните и корупција на медиумите. Нервозна од разобличувањето на коруптивното владеење на оваа власт и сопствената безидејност ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја покрие со повторување на едни исти лаги, едни исти прес конференции“, стои во соопштението. ВМРО ДПМНЕ денеска го обвини градоначалникот Заев дека му овозможил на својот братучед Трајче Заев да се стекне со приход од речиси 400.000 евра, преку 15 јавни набавки со општина Струмица и нејзините општински институции.
Слично

Поврзани вести