Заев: Младите нема да заминуваат, но потребно е да се исполнат неколку услови
- Се надевам дека економските параметри кои лично ме прават оптимист ќе бидат поголеми и оти граѓаните вистински ќе ги почувствуваат, но за да се задржат освен тоа потребно е и владеење на правото, добро здравство, квалитетно образование....Нешто на што сите ние и заедно работиме. Само така граѓаните ќе почнат да се разубедуваат да не ја напуштаат државата и овде да се реализираат, а дури потоа и можеби некои што се заминати ќе се вратат“, рече премиерот на презентацијата од ефектите на проектот „Младинска гаранција“.
Министерката за труд и социјална работа Мила Царовска рече дека тенденциите на пад на наталитетот, според неа, се од времето на минатата власт, додека сега само се чувствуваат последиците.
Слично
