Заев: Ми се закануваат, ама не се плашам
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев вели дека има закани за него и неговото семејство, но додава дека од нив „око не му трепнува“. „Реков да престанат заканите кон мене, кон моето семејство, пријателите и кон социјалдемократите. И толку! Немам намера дополнително да сеам страв, ама ниту окото нема да ми трепне“, изјави Заев синоќа во гостувањето на 24 Вести.
Тој обвини дека заканите доаѓале директно од власта, но не сакаше да прецизира повеќе.
„Јас сум на страната на правдата, на страната на вистината и ќе се борам до крај! Јас сум првоповиканиот во оваа наша земја како претседател на најголемата опозициска партија да бидам најхрабар, да бидам бидам најодважен, да и’ соопштам се’ на Македонија. Да знае се’ и потоа да донесе одлука“, рече Заев.
Тој во интервјуто нагласи дека нема да се повлече од лидерската позиција доколку ги загуби изборите или доколку оствари полоши резултати отколку на претходните избори.
Слично
