Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Месечен надомест за уште 1.100 стечајци

Заев: Месечен надомест за уште 1.100 стечајци

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека Владата попладнево донела одлука за законски измени со кои уште 1.100 стечајци со најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост да добијат месечен надоместок до пензионирање.

Досегашниот услов до сега беше тој да изнесува 15 години рабоптен стаж.

- Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица, односно Законот за стечајци, ќе донесе месечен надоместок од 9.242 денари до пензионирање за уште 1.100 граѓани, рече Заев.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека со последната измена вкупно 13.000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање.


Слично

Поврзани вести