Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев:Mеѓународната заедница, граѓаните и медумите да ја следат работата на ДИК

Заев:Mеѓународната заедница, граѓаните и медумите  да ја следат работата на ДИК

Mожно е во ДИК да се случи политичко насилие со политичко надгласување, со што би се одлучило голем број спорни гласачи кои треба да се избришат, всушност да опстојат на избирачкиот список, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој повика меѓународната заедница, граѓаните и медумите  да ја следат работата на ДИК.

„Јас за жал очекувам дека ДИК  денеска со мнозинство гласови да гласа дека треба да опстојат. Овој врв на апсурдност и катарза  се надевам ќе биде овозоможена да се случи пред граѓаните, ако не дај боже токму тоа се случи. Очекувам политичко насилие со политичко надгласување во независната ДИК, ако тоа се случи тоа е врв на апсурдноста.  Секако само по основот на прашањето „Никој не живее на наведената адресата, на адресата не живее лице со наведените податоци и испитанокот живее тука, но починал се вкупно 10 938 гласачи и тие треба да се избришат. На прашањето „Испитанокот живее тука и се иселил во друга адреса или од странство“, некаде е бројка од 27 317 гласачи. Зарем тоа не е доволен основ тие граѓани да имаат право на глас, но да бидат во вториот дел на избирачкиот список како граѓани кои живеат надвор од Македонија, а се со право на глас“- рече Заев.

Тој вели дека и покрај фактот што Собранието е распуштено, спикерот Вељановски најави дека изборите ќе ги распише на 15 април, по што почнуваат да течат роковите, и има можност законски да се смени датумот.
Слично

Поврзани вести