Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Македонската власт ги гуши своите граѓани

Заев: Македонската власт ги гуши своите граѓани

Лидерот на СДСМ, најсилната опозициска партија во Македонија, во интервју за Њусвик зборува за своите погледи за актуелната власт и моментална состојба во Македонија.

Тој рекол како во Македонија во последните десет години речиси и не се зборувало бидејќи власта на Никола Груевски сакала Македонија да ја тргне на страна.

„Последните десет години владата на Македонија донесе осиромашување, економска криза, миграција на младите, неправда, немир и загриженост поради иднината. Посебно затоа што се дозна вистината за криминалното владееење на Никола Груевски и фалсификувањето на нерегуларните избори“ , вели во разговорот за Њусвик лидерот на СДСМ.

„Она што моментално се случува во Македонија, е резултат на криминално владеење на една мала група во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, за која освен желба за збогатување друго ништо не е важно, ни за граѓаните, ни за интересите на државата“, говори тој.

„СДСМ е еднинствена политичка партија која веќе 10 години е еден контра-тег на се што претставува ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните со достоинство го бранат уставниот поредок, се кренаа на нозе во име на правдата, да се врати слободата и демократијата“, продолжува Заев.

„ДУИ дели одговорност со ВМРО-ДПМНЕ за она што се случува во Македонија. Играта помеѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е константа во текот на годините, но мислам дека сега сите сфатија дека тоа не му донесе добро на никој“, вели Заев.

„Тој негативен багаж на неискреност кон граѓаните и манулацијата станаа сувишно тешко бреме за оваа партија. Груевски и неговата екипа, поради нивното криминално дејствување не ги запреа само ЕУ интеграциите, туку Македонија ја донесоа до раб на изолација“, додава првиот човек на СДСМ.

Тој дополнува дека негова основна цел е враќање на Македонија на патот на ЕУ и НАТО интеграциите. Македонија е и ќе биде дел од европското семејство. Само европските вредности може да бидат вредности на Македонија и нејзините граѓани“, заклучува на крајот од разговорот лидерот на СДСМ.

Слично

Поврзани вести