Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Криминалот мора да биде казнет

Заев: Криминалот мора да биде казнет
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев бара од институциите да реагираат и да го санкционираат криминалот во кој, според наводите на опозицијата, е вклучен првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во последниот период Заев објави неколку скандали  во кои дека е вмешан и Груевски: примања милионски суми кеш пари во случајот со продажбата на Македонска банка, примања кеш донации со каса прими и печат на ВМРО-ДПМНЕ, купувања огромни имоти на име на ВМРО-ДПМНЕ последните месеци пред распишувањето на изборите. „Објавениот доказен материјал не е дел од некој криминалистички филм во којшто Никола Груевски има главна улога, тој е сурова реалност за класичен противзаконски акт од страна на човекот кој веќе осум години одлучува за судбината на државата и нејзините граѓани. Во Европа и светот за многу помали коруптивни скандали, паѓаат многу поголеми политички имиња од Никола Груевски. Токму затоа ова не смее да остане неказнето“, вели Заев. Опозицискиот лидер истакна дека Груевски нема да го исплаши да ја изврши граѓанската должност. Тој го повика уште еднаш Груевски на ТВ дуел, а упати порака и до црковните служители за кои како што вели ги претвораат Богослужбите во предизборна политичка пропаганда, дека нема ништо христијанско во злоупотребата на Црквата во агитирачки цели.
Слично

Поврзани вести