Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ќе се откажеме од дел од дивидендата од Телеком заради комплетен сервер

Заев: Ќе се откажеме од дел од дивидендата од Телеком заради комплетен сервер

Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во Алсат ТВ рече дека државата е подготвена да се откаже од дел од дивидендата што и следува од Телеком заради подобрување на нејзината дигитализација, што според претседателот на Владата, е исто така вложување во инфраструктурата.

„Државата ќе се откаже од дел од дивидендата и ќе партиципира во ова заедничко добро кое ќе биде за државните потреби, но пред сè и над сè за државните компании. Во моментот нема во државата комплетен сервер на кој може да се потпрете и многу често паѓаат системи и тоа е многу значајна инфраструктура во ова модерно време“, рече Заев во студиото.

Покрај вложувањето во серверот, премиерот рече дека тековно и досега се вложувало во дигитализацијата на државните институции, што пак е влог за подобрување на услугите кон приватниот сектор.

„Ние веќе инвестираме во дигитализацијата, ќе ве потсетам за проектот во Прилеп, што и да згасне, да се уништи, тука е бекапот на државата. Подигаме нови хардверски решенија, пред сè, како сериозни системи кои се во серверски, заедно со Телекомот каде државата учествува со 38 отсто во овој проект, рече Заев во емисијата Економски магазин.

Повод за телевизиското гостување беа проектите на Македонија кои ќе бидат финансирани од Европската комисија како дел од добрениот грант од 9 милијарди евра за Западен Балкан.


Слично

Поврзани вести