Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ќе му помогнеме на ЕСМ со 20 милиони евра за да го зголеми производството на струја

Заев: Ќе му помогнеме на ЕСМ со 20 милиони евра за да го зголеми производството на струја

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ддржавата од националниот буџет ќе издвои 20 милиони евра за АД Електрани на Северна Македонија да го зголеми производството на електрична енергија за да нема криза и поскапувања на цените за домаќинствата.

„Берзанските цени навистина одат многу високо, нашиот модел е ист како и европскиот со либерализирање на пазарот и субвенционирање на домаќинствата. Со енергетските политики, доаѓа до либерализација на пазарите , побарувачката се зголемува и има ценовни шокови. 

Затоа даден е налог за тендер за вклучување на третиот блок од РЕК Битола, со што ќе генерираме политики со помошти према јавните институции. Покрај намалувањето на ДДВ-то, интервенираме со буџетски средства кон АД ЕСМ, со 1,2 милијарди денари за раздолжување на државни компании према ЕСМ за со тоа да помогнеме 

Така ќе се зголеми продукцијата на енергија, ќе има екстра повече произведено, затоа што за нас домаќинстваат се главен таргет“, рече Заве.

Слично

Поврзани вести