Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ќе ја предводи листата на СДСМ во Скопје?

Заев ќе ја предводи листата на СДСМ во Скопје?
Листата на СДСМ во првата изборна единица ќе  ја предводи Зоран Заев. Во Скопје Заев ќе му се спротистави на Никола Груевски, пишува Дневник. Според пишувањата на весникот во двојката, носител на листитата на СДСМ ќе биде партискиот генерален секретар Оливер Спасовски, додека за тројката се подготвува, Марјанчо Николов. Според  Дневник,  Хари Локвенец најверојатно ќе биде носител на листата на СДСМ во четвртата изборна единица . Александар Кирацовски ќе биде во петтата изборна единица, додека шестката за СДСМ , би требало да ја предводи Миле Зечевиќ. Конгресот на СДСМ на кој треба да се официјализираат листите е закажан за во недела.
Слично

Поврзани вести