Заев ќе продолжи да објавува „бомби“ ако се укине СЈО!
Изборите и политичката криза продолжуваат да ја окупираат јавноста.
Сценарија неколку. Денеска откриено уште едно.
Опозицискиот лидер Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали доколку Договорот од Пржино го изгуби своето значење и дојде момент кога нема да биде на сила, дали ќе продолжи да ги објавува така наречените бомби рече дека ова сценарио не е исклучено.
„Ако биде уништено СЈО, и ги вратат матријалите, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува прислушкуваните материјали.
Истовремено, како што рековме, ќе ги употребиме сите алатки и механизми коишто ни стојат на располагање. Јас ги замолувам новинарите, да го прашаат Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и сите други, зошто до ден денеска ги немаат предадено прислушкуваните матријали на СЈО. Многу важен моментум на којшто сите заборавивме. Денеска од било кога, со почеток на Прибе –извештајот, работа на СЈО, и сето она што е сознание меѓу јавноста, знае кој тоа слушал во Република Македонија. Што стана со странските служби, со шпиунажата, со жолтите комбиња, тактичките опреми, каде ги снема? Тоа е само уште еден аргумент плус за безобразието на власта. Власт којашто со овие последни чекори посегнува се со конечна цел, да ја спаси прво својата кожа, а секако и да продолжи да ја манипулира јавноста. Вистината е толку силна и незапирлива и таа ќе излезе. Замолувам, ние имаме трпение, да имате и вие трпение. Македонија ќе се врати на граѓаните и повторно граѓаните ќе бидат власт во Македонија“, рече Заев.
