Заев ја претстави „најголемата инвестиција во историјата на македонската економија“
Премиеорт Зоран Заев инвестицијата на германската компанија WPD во ветерниот парк „Вирови“ денеска ја нарече „најголема инвестиција во историјата на македонската економија според вложената сума“. Стратешкиот инвестициски проект е изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра.
- На полињата од Куманово до крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, а сега Макеоднија има само 16.Овој проект е повеќе од половина од тие 700 мегавати од ветерна енергија кои сакаме да ги достигнеме. „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а 290.000 домаќинства ќе снабдува со електрична енергија. Работи во 28 земји со над 5.000 мегавати на час, рече Заев.
Германската амбасадорка Анке Холтајн додаде дека инвестицијата ќе значи намалување на 310.000 тони јаглерод диоксид, договорот со Владата за стратешко инвестирање ќе трае 45 години и дека оваа огромна инвестиција се должи и на посветеноста на германската влада за енергетска инвестиција.
Андреа Бјорн Шолет, овластен претставник за германската компанија WPD, наведе дека експертизата е предност во однос на другите конкуренти во овој се уште млад сектор.
- Клучни беа достапноста на природните ресурси и амбициозниот план за енергетската транзиција на владата. Ова е прва земја од Западен Балкан која размислува на елиминација на јагленот како средство за обезбедување електрична енергија до 2030-та. Статусот на стратешка инвестиција значи оперативна поддршка од владата за сите услови во постапките за обезбедување дозволи, рече Шолет.
