Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ја посети фабриката во Охрид каде нето плата е безмалку 500 евра

Заев ја посети фабриката во Охрид каде нето плата е безмалку 500 евра

495 евра е нето платата во германската компанија Костал која се наоѓа во Охрид а во чии погони вчера беа премиерот Заев, министерот Сугарески и в.д. градоначалникот Георгиевски.

Таа компанија досега инвестирала 29 милиони евра и токму таму работат 350 луѓе.

Заев посочил дека Костал во Охрид работи три години и има просечна бруто плата од 730 евра, односно нето платата е безмалку 500 евра што е амбиција на Заев за сите граѓани и ветување кое беше дел од изборната кампања.

Постојни клиенти на Костал според кажаното се БМВ, Дајмлер, Порше, Тесла и Ролс Ројс а од годинава, како што се посочува, „Костал“ ќе изработува и проекти за Ауди, Фолксфаген, Сеат и Шкода.

Слично

Поврзани вести