Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев изнесе нови обвинувања против Груевски

Заев изнесе нови обвинувања против Груевски

Лидерот на Социјадемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, денеска обелодени дека премиерот Никола Груевски е сопственик на земјишта на Водно, купено по пат на офшор компании од Белизе.

Заев тврди дека Никола Груевски е сопственик на имот на Водно, кој не го пријавил во својот имотен лист и додава дека спорните парцели по налог на Груевски се претворени во градежно земјиште, а дека нивната вредност е 17 милиони евра.

„Ова е Никола Груевски по чиј налог зеленило и рекреативни појаси на скопјани на Водно, станале градежно земјиште. Од новиот Детален урбанистички план што Груевски насила сака да важи, се гледа дека станува збор за план за објекти, само на име на фирмата од Белизе, од 14.500 м2 развиена површина, коишто по денешна пазарна цена на чинење на Водно, ќе тежат над 17.000.000 евра!“, изјави Заев.

„Сите парцели се регистрирани на име на фирма од Белизе“, рече Заев кој тврди дека во разговорите со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, Груевски признал и дека лажел дека постои грешка во изградбата на зградата „Космос“ на Фијат Цаноски поради што тој објект е урнат.

Заев на прес конференцијата за медиуми рече дека Груевски со години ја лажел цела нација и дека уништувал туѓи судбини, и најави дека следат докази за уште многу криминални дејства.

„Она што ќе следи не е само за оставка туку и за конечно заминување на Груевски во историјата“. Нема да дозволиме повеќе никогаш такво нешто да се повтори“, рече Заев.

Во низата на досега изнесени компромитирачки аудио-записи на незаконско прислушкување, Заев ги обвини Груевски и неговите соработници за криминал и злоупотреби.

СДСМ досега објави дека во Македонија се прислушувани преку 20 000 граѓани, мешу кои се и најблиските соработници на премиерот Никола Груевски, лидерот и министри од Демократската унија за интеграција, лидерот на Демократската партија на Албанците, членови на раководството на СДСМ, новинари, судии, обвинители, верски поглавари.

 

Слично

Поврзани вести