Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Изборни местенки, притисоци врз фирми, закани по живот…

Заев: Изборни местенки, притисоци врз фирми, закани по живот…

На денешната прес конференција како што спомнавме лидерот на опозицијата Заев ја објави седмата танакаречената „бомба“ во која акцентот денеска Заев го стави како што потенцираше пред се на изборниот циклус и нерегуларни избори.

Тој објави аудио разговори во кои како што вели имало противуставно и противзаконско користење на државните институции од страна на владеачката партија за време на изборниот циклус, фалсификувани лични документи, притисоци врз фирми, семејства, администрација.

Во еден од разговорите кои денеска ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можеше да се слушне како министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека во еден стан од 40 квадрати се сместени по 50 гласачи од Пустец.

„Има една ризична работа, по 50 души во станови од 40 квадрати, може тоа да го видат пишува во адреси. Ние го знаевме тоа, инсистирав кај премиерот кога бевме да дадат комитетитеве адреси, не дадоа, вели Јанкуловска во разговор со Филип Божиновска.

Потоа можеше да се слушне снимка во кој според Заев министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се заканува со бркање од работа на наставниците во училиштата, ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и плус треба обезбедат уште по еден глас.

- Твоите директори да ги стегнат вработените да гласаат, да одржиш проширен состанок и да ги натераш да гласаат. Кај сите учителки да се јавите и да кажете „Ви благодариме што излеговте на гласање, и да обезбедите уште еден глас за ВМРО- ДПМНЕ во Центар“. Во образование да ги викнете, да ги заплашите, дека ќе ги бркаме. Врз луѓето треба да извршиме притисок. Имаме неколку вработени, што се за Жерновски  и им отидов со метла, дека ќе летаат на улица и ќе чистат и метат како цигантите. Луѓето ми се правдаат дека фејсбукот им го користат други луѓе – се наведува во еден од разговорите меѓу Јанакиески и Ирена Мишева од Советот на Град Скопје.

Во друг сет разговори помеѓу Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и нивни соговорници можеше да се слушне како што истакна Заев  како државниот врв договора како да се вршат притисоци врз фирмите, со колку пари да ги казнат, колку дуќани да затворат, а на тој начин да добијат повеќе гласови на изборите.

Во еден од разговорите, се објавува како под директива на директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски се затвораат фирми, а на неколку од нив се изречени и казни од 4.800 евра. Во дел од разговорите, од владејачката гарнитура договораат да се одземат лиценци на такси превозниците, Груевски дава налог за втор круг во центар,  и што повеќе неважечки ливчиња, и како Јанкуловска му вика на Јанакиески да се поништи гласањето во Куманово како во Струмица.

СДСМ на денешната прес -конференција објави и телефонски разговор меѓу, како што велат помеѓу  Мартин Протогер и Миле Јанакиески, во кој наводно Протогер смртно му се заканува на претседателот на фудбалската федерација, велејќи дека ќе си ги најде жената и децата во ендек, а заканава е упатена бидејќи  претседателот на фудбалската репрезентација не сакал да пушти гратиси за некој натпревар, кој требало да се одржи ден пред изборите, а требало да послужи за пропагандни цели.

Слично

Поврзани вести