Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Избори може да бидат организирани во октомври

Заев: Избори може да бидат организирани во октомври

Лидерот на најголемата македонска опозиција СДСМ Зоран Заев вели дека до октомври може да бидат подготвени услови за фер парламентарни избори.

Тој во интервју за агенцијата Бета рекол дека е убеден дека опозицијата предводена од СДСМ ќе победи на изборите истакнувајќи дека според истражувањата има предност над ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, чие владеење го нарече криминал.

„Анкетите покажуваат дека опозицијата води во Макеоднија. Ние сме прворангирана политичка партија. Ние реално водиме во анкетите пред власта. Секако имајте предвид дека живееме во режим кој ги контролира граѓаните и партиските граѓани, па веруваме дека тука процентите се многу поголеми“, рекол Заев.

Тој повторил дека предуслов за продолжување на политичките преговори за решавање на кризата е повлекување на сите аболиции со кои во април претседателот Иванов самоволно помилува 56 политичари и нивни соработници.

Опозицијата, според Заев, нема намера да се откаже од тоа барање, бидејќи потегот на Иванов е да ја поништи аболицијата само на 22 политичари го руши правниот систем и отвара непосакувани можности.

Лидерот на македонската опозиција оценил дека до летото ќе се случат многу значајни работи во процесот на решавање на кризата, така што парламентарните избори може да бидат одржани во октомври или најдоцна во другата половина на март следната година, заедно со редовните локални избори.

Додал дека за да успее „импичментот“ на Иванов, кој СДСМ го покрена во Собранието, заедно со парламентарните избори би можеле да бидат одржани и претседателски избори.

„Веруваме дека во летото ќе влеземе со дефинирана цел како да излеземе од кризата, на кој начин тоа ќе се постигне и кога.Тоа е цел оставен пред граѓаните и пред нас. Секако, летото не може да биде спокојно и мирно. Летото исто така ќе биде динамично. Тоа ќе зависи од тоа што ќе се случи до крајот на јуни“, рекол Заев

Тој повторил дека условите за изборите кои мора да бидат исполнети се кредибилен избирачки список во кој граѓаните ќе веруваат и мора да постојат минимум реформи во медиумите. „Постои решение за овие две работи. И тоа брзи решенија. Ако власта има волја, изборните списоци може да бидат прочистени до октомври“, рекол тој?

 Лидерот на СДСМ открива и дека на опозицијата почнале да и се приклучуваат сериозни бизнисмени кои ја поддржувале власта.

Слично

Поврзани вести