Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев:Иванов да даде оставка, Македонија да добие легитимен претседател

Заев:Иванов да даде оставка, Македонија да добие легитимен претседател
Да не му падне на памет на Ѓорге Иванов да аболицира изборни криминалци, ваква порака испрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Велес до претседателот на државата. Тој вели дека стотици илјади гласови се оспорени, со што Никола Груевски не е легитимен, а истото важи и за Иванов. „За тоа Груевски даде оставка. Што мисли Иванов, Груевски не е легитимен, а тој е легитимен? Ѓорѓе Иванов треба да даде оставка и Македонија да добие легитимен претседател на државата, кој ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Сите ја гласавме методологијата на ДИК за проверка на избирачкиот список и теренска проверка на фантомските гласачи мора да има, нема отстапки“-кажа Заев. За одлуката на Уставен суд донесена вчера, рече дека е срамна и дека со неа ќе се заштитат група на луѓе кои се вмешани во изборен криминал.    
Слично

Поврзани вести