Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: Имам докази што ќе го урнат Груевски!

ЗАЕВ: Имам докази што ќе го урнат Груевски!
Лидерот на опозицијата Зоран Заев тврди дека има докази против премиерот Никола Груевски кои ќе го натераат во рок од три дена да си поднесе оставка. Ова свое тврдење првиот човек на СДСМ го изнесе на синоќешната трибина во Битола, прва од серијата слични настани што ќе ги организира опозицијата низ Македонија. „Мојата верба во тие докази е толку голема, толку силна, што го ставам во залог својот политички кредибилитет и кредибилитетот на целото раководство на партијата. Македонија ќе треба да се срами од тие докази затоа што се сензитивни и допираат до меѓуетничките односи. Ако не успееме политички, не заслужуваме да ја водиме опозицијата. Е толку е силна вербата во доказите и аргументите што ги поседуваме“, вели Заев, кој не открива се уште за какви докази станува збор ниту кога ќе ги обелодени. На трибините што ги организира Заев ги повторува и барањата на кои инсистира опозицијата за да седне на иста маса со Груевски и нагласува дека опозициските пратеници нема да го прекинат бојкотот на Парламентот.
Слично

Поврзани вести