ЗАЕВ: Има докази дека власта стои зад нападите во Куманово
Лидерот на опозицијата, Зоран Заев на вечерашната средба со граѓаните на Капиштец рече дека има докази дека Кумановските настани ги огранизирала врхушката на власта, пренесе А1он.
Заев обвини дека веќе утредента на неколку македонски медиуми како телевизиите Сител, Алфа, Канал 5 им биле префрлени 2 милиони и 600 илјади евра за, како што вели, „да ја лажат јавноста”.
Опозицискиот лидер обвини дека врвот на владејачката партија купувал и уценувал гласачи.
Заев рече за да се спречи истото да се повтори на следниве избори со новиот Изборник законик се предвидувало казна затвор од 3 до 5 години.
„ Затоа и го баравме Министерството за внатрешни работи за да има директна реакција. Тој што ќе го фатат како краде гласови и заплашува, веднаш има наредба Оливер Спасовски да апси и приведува. Слободно изразена волја е императив, светост и има да ја постигнеме“, вели Заев.
Слично
