ИНТЕРВЈУ Заев: Или граѓаните ќе му пресудат на Груевски, или тој ќе ги суди!
Граѓаните ќе дадат силна поддршка за Стево Пендаровски, без оглед на етничката припадност, верува првиот човек на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев. Во интервју за Фактор, Заев истакнува дека на Македонија ú се неопходни промени, а лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски го нарекува „безграничен популист“.
ФАКТОР: Г-не Заев, Македонија дефинитивно оваа пролет ќе има двојни избори. Претседателски на 13 април и предвремени парламентарни на 27 април на вториот круг од претседателските. Го очекувавте ова сценарио – кое практично се заговара, ако не порано барем од минатата есен?
З.ЗАЕВ: Очекувано и веќе видено сценарио. Јавноста во Република Македонија ја проследи последната епизода од серијалот глумење конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Главните актери повторно се во истите улоги. Никола Груевски е нарачател, Али Ахмети извршител.
Владеењето на коалицијата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е со катастрофални последици за Република Македонија. Урнаа сé што беше макотрпно градено. Институции, демократија, образование, здравство, социјала, култура. Спокојот им го одзедоа на луѓето. Егзистенцијата им ја загрозија. Денеска, во Македонија, мнозинството граѓани и нивните семејства се длабоко потонати во сиромаштија. Резултат на нивното владеење се над 400-тините илјади наши сограѓани што ја напуштиле државата. Згора на сé ја посрамија Македонија во светот и меѓународно ја изолираа.
Казната за ваквите политики граѓаните ќе ú ја испорачаат на власта на претстојните избори. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е целосно подготвен за двојните избори. На последниот 16-ти Конгрес на СДСМ ја упатив пораката дека ја превземаме одговорноста да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат и да ја вратиме слободата. Секој што и сака добро на оваа земја е добредојден да ни се придружи.
ФАКТОР: Повеќе пати имате повторено дека нема да дозволите, како што велите, Груевски да ги украде изборите. Се плашите дека ќе бидете изиграни без оглед на пружената рака за Изборниот законик?
З. ЗАЕВ: Власта нема принципи и нема политичка волја за јакнење на демократијата. И ние и граѓаните имаме искусутво со Никола Груевски и со ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе направат сé во обидите да се задржат на власт. Оти кога ќе се смени власта, некој ќе треба да одговара. Тоа власта многу добро го знае.
Затоа, сите ние, до последен, кои им мислиме добро на оваа земја и на нашите поколенија, ќе направиме сé оваа власт конечно да замине. На Македонија ú се неопходни промени. Ако сме сме единствени и добро организирани, нивните валкани сценарија нема да успеат. Зад параванот секој од нас е сам. Или со својот глас ќе им пресудиме на погубните политики на Никола Груевски или тој и понатаму ќе му суди на овој народ. Убеден сум дека граѓаните ќе го изберат ова првото и ќе стават крај на оваа агонија. СДСМ ќе направи сé изборот на граѓаните да биде верификуван а нивната волја почитувана.
ФАКТОР: Вашиот претседателски адут е Стево Пендаровски. Неофицијалните информации кажуваа дека тој имаше убедлива предност во однос на останатите што ги тестиравте на интерните анкети. Најавивте дека пред Нова година ќе го обелодените името на Вашиот кандидат? Зошто толку чекавте...?
З.ЗАЕВ: Дадовме широк простор за целосно спроведување и реализирање на внатрепартиската постапка за избор на најсоодветен кандидат. Ние, за разлика од нашите политички опоненти од ВМРО-ДПМНЕ не правевме карикатура за потсмев од изборот ниту пак пародија. Достоинствено, транспарентно и во демоктратска процедура го избравме најдобриот кандидат, нашиот адут за победа на следните претседателски избори. Стево Пендаровски е човек со став, човек со достоинство, со личен, професионален и морален интегритет и кредибилитет. Пендаровски е човек од народот кој ужива углед и дома, во нашата земја, но и во светот. Човек кој ќе ги претставува интересите на сите граѓани на Македонија без разлика на нивната верска, национална, политичка и друга припадност. Горд сум што избравме мудар човек кој во важни моменти за државата учествуваше во донесувањето на најтешките одлуки што го вратија мирот, безбедноста и просперитетот на Македонија.
Македонија заслужува претседател. На престојните претседателски избори Македонија ќе избере претседател, а не послушник.
ФАКТОР: Очекувавте – ВМРО-ДПМНЕ да оди со Ѓорѓе Иванов. Или, пак, помисливте дека ќе се определат за некој друг – можеби “поконсензуален“?
З.ЗАЕВ: Сценаријата и режираните судири меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се провидни и ова што се случи беше за очекување. Ние имаме свој кандидат кој е фаворит на овие избори и не сакаме многу да се занимаваме со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Штетно за државата, за граѓаните и демократските процеси да имаме претседател послушник, безгласна буква и извршител на Никола Груевски.
ФАКТОР: Ќе побарате ли поддршка за Пендаровски кај гласачите Албанци? Шпекулациите велат дека тој добро поминува меѓу нив. Но, истовремено – ДУИ практично повика на бојкот на претседателските избори, а ДПА исфрли свој претендент?
З.ЗАЕВ: На претседателските избори се гласа за личност. Анализите и истражувањата кои што ги направивме покажуваат две клучни работи. Првата, дека Стево Пендаровски е прифатлив за претседател кај најголемиот дел од граѓаните во Република Македонија, како човек со морален интегритет и кредибилитет. И втората, не помалку важна, дека граѓаните го чувствуваат како народен човек кој што може да ги претставува интересите на сите граѓани, без разлика на вера и етничка припадност.
Тоа чувство на граѓаните не е случајно ниту пак некој можел да им го наметне. Тоа е реално изградено мислење на граѓаните за личноста на Стево Пендаровски. И првичните реакции по објавувањето на кандидатурата на Пендаровски за претседател се во иста насока.
Затоа, очекувам граѓаните на Република Македонија да дадат силна поддршка за Стево Пендаровски без разлика на нивната етничка припадност. Убеден сум дека се она што го носи со себе на Пендаровски ќе биде мотив и голем дел од албанското гласачко тело да се вклучи во граѓанската мобилизација за подобра Македонија која ќе се случи на 13-ти април.
ФАКТОР: Со кои адути ќе настапите на изборите? Промовиравте повеќе мерки, имавте жестоки реплики од власта за нив. Наидовте ли на добар прием во јавоста, доволен да го свртите политичкото расположение на граѓаните?
З.ЗАЕВ: Промоцијата на дел од мерките од новата програма на СДСМ се одвиваше интензивно и тоа низ цела Република Македонија, вклучително и во главниот град Скопје. Понудивме реален, издржан, добро осмислен и остварлив концепт за подобрување на животниот стандард на сите граѓани и за враќање на средната класа.
Ни претставува чест што за промовираните предлог мерки граѓаните искажаа голем интерес и наидоа на крајно позитивни реакции. Луѓето внимателно слушаа за мерките на СДСМ и ги понудија своите идеи, сугестии и забелешки. Ние нив уште повнимателно ги слушавме. Ги земавме предвид предлозите и сугестиите на граѓаните и ќе ги инкорпорираме во финалната верзија на изборната Програма на СДСМ.
На последниот Конгрес кажав дека за Македонија има и шанса и надеж! Затоа нашата цел на овие избори не е само да ја урнеме власта на ВМРО-ДПМНЕ и да ги поразиме погрешните политики, туку да почнеме да ја градиме европската, просперитетната иднина на Македонија! Да почнеме да ги враќаме насмевките! Да ја вратиме вербата! Да ја вратиме загубената средна класа, столбот на секое здраво општество! Да ја вратиме перспективата за да ги задржиме младите во Македонија!
Реализацијата на програмата со која ќе се вратат еднаквоста и праведноста – е тоа е вистинскиот предизвик и нашиот најголем адут.
ФАКТОР: Г-не Заев, околу 9 месеци сте на чело на најголемата опозициска партија. Може ли да направите мал пресек. Дали го исполнивте тоа што го зацртавте и каде евентуално потфрливте...?
З.ЗАЕВ: Јас сум политичар кој секогаш гледа напред. Тоа што го направивме во изминатиот период нека го ценат граѓаните. И за екипирањето,
и за отворањето на партијата, и за нашата политичка понуда, зголемените активности и сериозни јавни настапи за разобличување на власта. Би посочил дека сум задоволен од многу чекори што ги превземавме. Но, сé уште не сме ја реализирале крајната цел што претставува дополнителна мотивација уште поинтензивно да продолжиме со нашата работа. Затоа, се додека не се променат работите во нашата држава не можеме да кажеме дека сме целосно задоволни.
ФАКТОР: Како ги примате ставовите за Вашето водење на СДСМ, кое факт е дека е различно од досегашните, а кои велат: Ако Груевски спроведува десен, тогаш Заев милува лев популизам. Како критика или, пак, како тенденциозно етикетирање?
З.ЗАЕВ: Би рекол несоодветни споредби. Нема поголем популист од Никола Груевски. Популизмот на власта не е ниту лев ниту десен, тој е безграничен. А до каде може да оди тој популизам граѓаните многу добро знаат, особено во предизборен период.
Програмата на СДСМ претставува целина на реални и остварливи мерки за промена на македонската економија и општество. Ова го посочувам затоа што е важен момент кој покажува кој е популист, а кој мисли за подобро на народот и на земјата. Што направи ВМРО-ДПМНЕ во однос на мерките на СДСМ? Откако прво набедуваше дека наводно биле нереални и неостварливи, Владата на ВМРО ДПМНЕ почна да копира дел од мерките на СДСМ и да ги промовира како свои. И наместо да ги примени во целост нашите мерки, така како што ги дефинираше СДСМ, Владата ги видоизмени.
На пример, мерката на СДСМ за поврат на 15 проценти од ДДВ кон граѓаните. Владата целосно ја искриви во лотарија. Така, наместо да добиваат сите што плаќаат данок, со оваа измислица на владата сега добиваат само неколкумина. А примената на мерката на СДСМ за поврат на дел од ДДВ кон граѓаните, само за декември, ќе значеше 10,5 милиони евра пари во рацете на граѓаните. Само во еден месец, над 10 милиони евра. Вакви примери има многу. Тие се најдобрат показател за популизмот на власта од една страна и одржливоста на мерките од програмата на СДСМ од друга.
ФАКТОР: Има ли незадоволства со начинот на кој управувате со партијата? Имаше информации, кои велеа дека имате сериозни несогласувања со изборот на општинските раководства, дури едно време дека не ја контролирате пратеничката група чиј мандат практично истекува. Од некои добивте критика како раководство дека сте и “канцерот на СДСМ“. Се смирија ли духовите и емоциите сега или..?
З.ЗАЕВ: Нема несогласувања во СДСМ. Социјадемократскиот сојуз на Македонија е голема партија. Нејзината големина ја дефинира и
големиот демократски капацитет.
Во пресрет на овие двојни избори Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е пред голем предизвик, да застане рамо до рамо со граѓаните и да ги поведе во битка за спас на Македонија. Ова не е време за предрасуди. Не е време за калкулации, за суети. Или ќе си ја спасиме државата или ќе го понесеме бремето на неодлучноста, калкулантството, суетноста. Секој што сака да даде придонес во оваа битка, секој што и посакува добро на оваа земја е добредојден да ни се придружи.
ФАКТОР: Каде Заев ќе биде носител – традиционално во “четворка“ или можеби во сите изборни единици...?
З.ЗАЕВ: Внатрепартиската процедура за парламентарните избори ќе ја утврдиме понатму. Сега сме фокусирани на претседателските избори. И Државната изборна комисија уште ги нема утврдено роковите за поднесување на листи за пратеници.
ФАКТОР: Македонија е преплавена со билборди, нарачани од ВМРО-ДПМНЕ, на кои стои дека “Мора да ја свиткаме кичмата за името – Зоран Заев“. Во континуитет сте обвинувани од власта за ова прашање. Пред некој ден Груевски на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш Ве прозва. Како гледате на ваквите критики и колку Заев навистина е подготвен да го “свитка“ ’рбетот – по прашањето за името...?
З.ЗАЕВ: Не само јас како претседател на СДСМ туку и другите високи претставници се предмет на негативната, црна кампања на власта, проследена со спинови, манипулации и нереални конструкции. Овие кампањи, што интензивно ги спроведува власта, покажуваат дека власта не може да ги реши проблемите на граѓаните. Оваа власт во изминатите 8 години нема решено ниту едно прашање, ниту еден покрупен проблем што ги мачи овој народ и оваа наша држава.
Во однос на прашањето за името, СДСМ има константен и принципиелен став. За жал, премерот Груевски одлучи да го монополизира и авторизира ова прашање. СДСМ и опозицијата во Македонија е целосно исклучена од процесот на преговарање.
ФАКТОР: Дали спорот за името, поточно неговото решавање, треба да биде главен приоритет на новата македонска власт?
З.ЗАЕВ: Изминаа цели 8 години за кои не само што не се реши ниту едно клучно прашање туку се отворија и нови. Затоа, не може да се издвои едно, има многу прашања кои што треба да се решат. Секое прашање кое е кочница за напредок на Република Македонија треба да биде високо на агендата на секоја нормална власт која и мисли добро на својата земја. Несомнено, прашањето поврзано со проблемот што Грција го има со нашето уставно име е од висок интерес за Република Македонија. Затоа е недозволиво политички шпекулации и било какви политички злоупотреби на ова прашање. Треба мудро и посветено да се најде начин како да се решаваат проблемите.
Потребна е вистинска стратегија помеѓу политичките субјекти во земјата, нешто од што Груевски упорно бега.
ФАКТОР: Очекувате пресврт на изборите или Македонија и по оваа пролет – барем ако се гледа политички, ќе продолжи да биде обоена целосно во црвено?
З.ЗАЕВ: Очекувам пресврт, очекувам промени. Граѓаните на овие избори имаат за избор јасна алтернатива и убеден сум дека ќе ја одберат. Граѓаните на Македонија нема да дозволат да продолжи оваа агонијата предизвикана од власта. Ќе изберат вистина наместо лага. Благосостојба наместо сиромаштија. Правда наместо неправда. Слобода наместо страв. Демократија наместо диктатура.
Првата победа ја очекувам на 13 април, на првиот круг од претседателските избори! На Македонија оваа победа ќе ú ја донесат заедно професорот Стево Пендаровски и македонските граѓани. На 27 април очекувам потврда на победничката волја на граѓаните и желбата за промени.
Ф.З.

Слично