Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Тевдовски го примија на средба лидерот на „Антикоцкање“

Заев и Тевдовски го примија на средба лидерот на „Антикоцкање“

Фото: Порталб

Македонската Влада и Министерството за финансии ќе ги истражат можностите за инкорпорирање на барањата на движењето „Антикоцкање“ во новиот Закон за игри на среќа. Ова денеска го соопшти претседателот на движењетоЏемал Абдиу по денешната средба со премиерот Зоран Заев и со министерот за финансии, Драган Тевдовски, објави Порталб. Едно од барањата на ова оваа организација е обложувалниците и коцкарниците да се одалечат од прометните места и „чувствителни“ објекти како што се училишта и факултети.

"Разговаравме за барањата на движењето „Антикоцкање“ и мислиме дека тие исто така се согласија со злото што ја презеде Македонија, а не само Тетово. Ние поднесовме барања, потполно се сложивме дека се благородни барања, но се разгледува на кој начин да се вклучат во законот што ќе го одобри Министерството за финансии ", рече Абдиу.

Тој додаде дека Владата наскоро ќе го искаже својот став и дека од таму добил уверување деќа ќе се види што може да се вклучи од барањата на организацијата во новото законско решение.


Слично

Поврзани вести