Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Спасовски се приклучија на граѓаните на протест

Заев и Спасовски се приклучија на граѓаните на протест

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски се приклучија на протестот.

Поддршка дава и ЛДП. Од „Шарена револуција“ ќе испорачаат барања до властите со конректни рокови. Тие сметаат дека кризата мора да се реши затоа што трае предолго.

„Ова е крајот! Заради Мартин, за сите!- порачуваат граѓаните. Претседателот Ѓорѓе Иванов попладнево ја повлече аболицијата со што е исполнето второто барање на демонстрантите, покрај одложувањето нз изборите.

Се навршуваат и пет години од смртта на Мартин Нешковски, кој беше убиен на плоштад додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата.

Протестите траат два месеци.

Слично

Поврзани вести