Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Пендаровски: Борбата не е завршена

Заев и Пендаровски: Борбата не е завршена
Опозицискиот СДСМ обвини за „системска кражба на гласовите“ на денешниот прв круг од претседателските избори во Македонија. Според партискиот лидер Зоран Заев, во вториот круг ќе има сосема поинаков резултат. Тој се заблагодари на граѓаните кои дале 320 илјади гласа во корист на кандидатот на опозицијата. „Резултатите не беа очекувани. Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ исплашени од нас, со нови притисоци, ја спречија волјата на гласачите. Ние сме тука, да не дозволиме режимот да триумфира. Овој срам од првиот круг нема да дозволиме да се повтори во вториот круг. Режимот манифестираше слабост. Уверен сум дека граѓаните ќе бидат со нас да го победиме режимот. Волјата на народот мора да се почитува. Ова не е волјата на народот. Борбата за слобода и демократија продолжува“, рече Заев. Кандидатот на СДСМ за претседател на државата Стево Пендаровски смета дека во вториот круг од изборите може да стигне и до победа на изборите. „Ни претстои вториот круг. Сакам до крај да се борам за концептот и за идеите во кои верувам. Почитувани,уверен сум дека и во услови на систематски притисоци и уцени, можеме да победиме на 27 април. Но, сите оние кои денеска гласаа за мене, и сите кои не гласаа, им порачувам, немојте да паѓате со духот, борбата не е завршена“, нагласи кандидатот на СДСМ Пендаровски.
Слично

Поврзани вести