Заев и Груевски си ја префрлаат топката за излез од политичката криза
Политичарите се обврзаа на формирање на преодна влада бијдеќи земјата падна во длабока криза откако опозицијата почна со објавување на снимки од телефонски разговори кои наводно докажуваат корупција во највисоките нивоа на влста.
Премиерот вели дека засега нема услови да продолжат преговорите меѓу власта и опозицијата за формирање на преодна влада.
Учесниците во преговорите напоменуваа дека оваа недела е последна шанса.
До договор треба да дојдат лидерите на двете најголеми македонски и двете најголеми албански партии , но не се состанаа од минатата недела.
Опозицијата тврди дека нема да отстапи од своите црвени линии, меѓу кои е и заминувањето на Груевски од функцијата премиер.
„Немаме ние некаков предлог, ние дискутираме , разговараме. За да се постигне договор, потребна е согласнот на двете страни, засега таква согласност уште не постои“, рече премиерот.
Реакција на опозицијата
Реагираше и опозиционата СДСМ.
„Никола Груевски не е во позиција да ја диктира динамиката на одржување на состаноци на лидерите на партиите. Тој е само една од страните во преговарачкиот процес. Очигледната намера на Груевски е да го одлага процесот, со што им нанесува штета на граѓаните и Македонија. Доколку до крајот на денот не биде утврден термин за состанок на лидерите СДСМ ќе го соопшти својот став за понатамошен тек на преговорите“, соопштија вчера од СДСМ.
Да потсетиме
СДСМ од февруари објавува снимки од наводни разговори на Владини функционери, кои укажуваат на корупција во власта во земјава.
Опозицијата ја обвини власта за кршење на основните човечки права во Македонија и покрена кривични пријави.
Владеачката ВМРО ДПМНЕ тврди дека снимките се монтирани и дека Заев е под контрола на странски служби.
Како и да ја вртиме политичарите абер немаат да најдат заедничко решение и наместо да им го олеснат и онака крпениот живот на граѓаните тие продолжуваат топката да ја шутираат од едниот крај на голот до другиот , обвинувајќи се едни со други.
