Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ И ГРУЕВСКИ: Можна ли е заедничка оставка?

ЗАЕВ И ГРУЕВСКИ: Можна ли е заедничка оставка?
Подготвен сум да си дадеме оставки со Груевски за доброто на Македонија, вели Зоран Заев во интервју за НОВА. „Јасно му е на Груевски дека неговата оставка ќе се случи. Но не сакам зло, во една работа се согласувам со Груевски. Народот бира на избори. Зошто сега бега? На избори преку преодна Влада. Па ако стварно народот е за него нека победи. Ако јас победам нека ми честита“, изјави Заев, уверен дека наскоро Груевски заминува. Од друга страна во своето гостување на Сител, премиерот вели дека тој мандатот го доби на регуларни, фер и демократски избори и дека поддршката од народот никогаш нема да ја изневери. - Оставка немам намера да поднесам, ниту пак да прифатам преодна влада. Имам обврска да се справам со ова што го прави Заев, да се справам со ова и да најдам решение Македонија да оди напред. И ќе оди напред. Заев 5 пати ми кажа дека материјалите ги добил од странска разузнавачка служба, значи дека е свесен дека некој однадвор го креира ова сценарио. Јас да се повлечам би било кукавички чин, јас ќе се соочам со нападот кон нас и заедно со народот да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде нападната, Македонија покажува и ќе покаже цврстина, рече Груевски.
Слично

Поврзани вести