Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Ципрас денеска на нова средба

Заев и Ципрас денеска на нова средба

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе се сретнат денеска во Мостар каде со колегите од Црна Гора и БиХ ќе имаат квадрилатерална средба

МИА повикувајќи се на грчката агенција АНА-МПА јави дека  грчкиот премиер попладне ќе биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.

Според истите информации, грчкиот премиер попладне ќе биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.

АНА-МПА објави дека околу 20 часот се очекува во Мостар да пристигнат и македонскиот премиер и премиерот на Црна Гора, а 15 минути подоцна да се одржи квадрилатерална средба на лидерите, по што ќе прошетаат по Стариот мост.

- Потоа, Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја потпишат повелбата за мир и ќе бидат наградени од претседателот на Советот на министри, Денис Звиздиќ, наведува грчката новинска агенција и покрај тоа што македонскиот премиер беше награден на ланската манифестација и тогаш ја потпиша Мостарската повелба за мир.

Слично

Поврзани вести