Заев и Ангеловска со детали каде ќе се трошат парите по направен ребаланс на буџетот
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека со ребалансот на буџетот, се водело сметка за развојната компонента.
Најави повисоки плати за вработените.
„Вложуваме во луѓето, затоа што за економијата се најважни луѓето“, рече Заев.
Тој рече дека ќе има раст на економијата. Заев вели дека буџетот ќе дистрибуира повеќе пари кај граѓаните. 400 милиони денари се одвоени за субвенционирање на придонесите. 183 милиони денари одат за колекторскиот систем и заштита на Охридското Езеро. Премиерот додаде дека се зголемил бројот на вработени во земјава, а од септември административците ќе земаат повисоки плати за 5 отсто. Лозарите побрзо ќе ги добијат парите за грозјето, најави Заев.
Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска вели дека мерката со субвенционирани придонеси ќе овозможи компаниите да ги задржат квалитетните кадри. Оваа мерка ќе трае три години, а ќе почне од октомври. 200 милиони денари се одвоени за активни мерки за вработувања. Ќе се стимулира производството да биде поатрактивно за младите. Пари се предвидени за МојДДВ, за откуп на акции од АД Гама.
Ангеловска вели дека буџетот е во одлична кондиција.
