Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев-Хајндл:Во Македонија мора да има само регуларни и фер избори

Заев-Хајндл:Во Македонија мора да има само регуларни и фер избори

Претседателот  на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска попладнето се сретнаа со специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл.

Тие разговараа за актуелната политичка криза во земјава.  Од СДСМ нагласуваат дека постои заедничка согласност дека во Македонија мора да има само регуларни и фер избори, дека правдата мора да важи подеднакво за сите, дека не смее да се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, дека од условите во договорот од Пржино бегање нема, мора да се спроведат.

„Ставот на СДСМ е целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на нотираните клучни предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори. Ова се решенијата за кризата. Слободата и правната држава за СДСМ и граѓаните во Македонија се вредности за коишто отстапки нема“ -вели Заев.

На средбата беа нагласени заложбите на СДСМ во целиот овој процес базирани на почитување на Уставот и законите, коишто се грубо погазувани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаваат од партијата.

Слично

Поврзани вести