Заев: Груевски треба да поднесе оставка 6 месеци пред изборите
Политичките разговори во Македонија за краток временски период треба да доведат до договор за повлекувањето на премиерот Никола Груевски најмалку 6 месеци пред формирањето на новата влада. Тоа го изјави Заев, лидерoт на главната опозициска партија во земјата СДСМ, за време на средбата со бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.
Тие разговараа за резултатите од преговорите меѓу политичките партии во Брисел на 10 јуни и изгледите за наоѓање трајно решение на политичката криза во Република Македонија.
Митов и Заев се здружија и околу потребата од длабоки реформи во земјата, што е во интерес на граѓанското општество и европската интеграција.
Лидерот на СДСМ ја изрази цврстата поддршка за потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.
"Груевски ќе замине од власта, кога народот ќе одлучи на избори и ќе направи таква проценка, а не кога амнестиран криминалец Заев ќе го побара тоа. Амнестиран криминалец Заев нема да дочека да гледа таков филм", се вели во соопштението од партијата на Груевски од сабота .
