Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Груевски се пазарeл со ДУИ за хашките случаи

Заев: Груевски се пазарeл со ДУИ за хашките случаи

Денеска ќе ја симнеме најсаканата маска на Никола Груевски, ќе слушнете каков измамник е тој, за да остане на власт ќе направи се, без око да му трепне ги фрла во оган неговите соработници за да ја обезбеди само неговата премиерска функција.

Вака опозицискиот лидер ја започна денешната прес конференција, кој истакна дека за да ја спаси кожата и да остане на власт премиерот  учествувал во пазарења со ДУИ за хашките случаи и пушти аудио снимки.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/06/link-vo-zhivo-od-sdsm-sledi-nov-paket-audio-razgovori/" target="blank" ] ЛИНК ВО ЖИВО од СДСМ – следи нов пакет аудио разговори[/button]

Ќе симнеме уште една маска на Груевски, на големиот патриот Груевски, каков политички измамник и манипулатор е тој. За да остане на власт, ниту го интересираат националните интереси во кои се крсти, ниту законите, ниту неговите соработници – министри и пратеници, кои, без око да му трепне, ги фрла во оган, во коалициски пазарења за да ја обезбеди премиерската фотеља. Лично учествувал во пазарења со Али Ахмети оваа правно неизводлива процедура на амнестија да ја натовари на пратениците и на министирте-пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи новата влада тогаш се уште не е формирана – истакна Заев.

Слично

Поврзани вести