Заев: Груевски местел фирми да добијат тендери
„По наредба на Груевски се казнуваа граѓани на секој чекор.
Договарал проценти и провизии, местел фирми да добијат тендери, местел луѓе да кршат закони“... Вака започна прес конфренцијата на опозицијата во седиштето на СДСМ. Заев потенцира дека „Груевски мести тендери на свои блиски луѓе, во случајот се работи за лицето Горан Ивановски, газдата на Сител“.
Првиот аудио разговор е снимка во која според Заев, наводно Груевски и Чинговски, директорот на РЕК Битола договарале како да му помогнат на Ивановски и Груевски му дава упатства на Чинговски да ја преземе целата работа околу тендерот затоа што Ивановски многу им значи, а од Чинговски добива уверување дека ќе направи се што е во негова можност. Чинговски, наводно во разговорот признава дека на Ивановски му сугерирал освен неговата фирма во Кратово да се спои во козорцуим со друга за да успеаат на тендерот во РЕК Битола.
Во истата снимка се лицето К.Б. за кое Зеев потврди дека е генералниот владин секретар Кирил Божиновски.
