Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го праша Груевски дали зел 1,5 милиони евра од бизнисмен

Заев го праша Груевски дали зел 1,5 милиони евра од бизнисмен
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев побара од неговиот опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски да каже дали зел пари, поточно 1,5 милиони евра во кеш од познат бизнисмен. Таткото на криминалот во Македонија не е никој друг туку Никола Груевски, обвини Заев на денешната пресконференција, ден откако најави дека во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори ќе го разоткрие „криминалот на владејачката партија и начинот на кој Груевски ги добива изборите“. „Дали како претседател на ВМРО-ДПМНЕ си земал пари во кеш во износ од 1.500.000 евра или повеќе од 92.000.000 денари од познат бизнисмен? Зошто си ја оштетил државата 225.000 евра, четврт милион евра, или повеќе од 14.000.000 денари за неплатен данок ? Дали си ти прататкото на оф-шор мрежите, оф-шор компаниите преку кои се изнесува капиталот на македонските граѓани, а се внесува како капитал на фамилијата? Дали со овие пари купуваш гласови?", праша Заев. Тој побара од Груевски да се соочи со јавноста со вистината, а во спротивно најави дека опозицијата ќе ги открие одговорите на овие прашања.
Слично

Поврзани вести