Заев го победи Црвенковски, СДСМ ја доби својата „Панорама“!?
Заев го победи Црвенковски на конгресот на СДСМ, но испрати и пораки на цврстина и единство. Уште претходно Заев тврдеше дека од денеска (понеделник) во партијата ништо нема да биде исто. Таму ќе останат само оние што сакаат да работат. Заев смета дека конгресот придонел за поголема сплотеност.
„Сите излегуваме многу помудри од она што бевме, но и посплотени. Вечерва мораме сите заедно да заминеме убедени дека сме среќни заради демократијата наша, не заради бројките. Оваа демократска дебата е можна само во СДСМ“, изјави по изгласаната доверба лидеот на СДСМ Зоран Заев.
Тој повика на единство, затоа што Македонија треба да се врати на вистинскиот пат.
„Сакам уште еднаш да ги испорачам пораките кои денеска провејуваа во дебатата, без разлика кој гласал во полза на довербата или недовербата. Сите денеска испративме порака дека ја сакаме СДСМ и дека ова е единствениот политички субјект кон кој што се свртени очите на целата македонска јавност. Ве уверувам сите дека како ваш претседател кој добил доверба во едно тешко време ќе градам единство со сите капацитети, пружам рака секому. Ве уверувам дека знам дека и тие што беа за доверба и тие што беа против доверба малку се. Треба да привлечеме повеќе луѓе надвор од нашата партија. Сите заедно, а јас најмногу, си го носиме бремето на одговорноста да ја вратиме татковината во рацете на граѓаните“, рече Заев.
Претходно Заев на 24 вести рече дека во партијата ќе нема место за оние што не им се работи.
„Мора да има ред. Спроведување на одлуките, а не минирање. Сите ќе застанат. Не да покажуваме дека тука сме, а не сме. Помести се дечко, ако не ти се работи, оди на втора трета позиција , ќе дојде друго дете. Цврстина и лидерство. Дојде моментот за тоа да се случи во СДСМ“, изјави тогаш Заев, најавувајќи беспоштедна битка со неистомислениците,, особено, со оние што не им се работи.
Сега по изгласаната доверба, останува да се види, како ќе се движат работите во СДСМ.
Слично
