Заев го отвори Балканскиот претприемачки самит
Прремиерот Зоран Заев со говор пред присутните го отвори Балканскиот претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и центарот за неформално образование Creative Hub, што се одржува во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје.
Ќе говорат најуспешните кои годинава се најдоа на листата на „Форбс под 30“ (Forbes under 30) од регионот, но и претставници од бизнис заедницата, како и креаторите на деловните политики, а теми кои ќе се наметнат се инвестициските трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, недостатокот на квалитетна работна сила и за иновациите во индустриите.
Панелисти ќе бидат истакнати претприемачи како Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп со нето вредност над 500 милиони долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобален директор на дигитален маркетинг на Диор, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во Постскриптум вентурес и како и многу други истакнати претприемачи.
