Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го најави, Тевдовски уште не работи на ребаланс на буџетот

Заев го најави, Тевдовски уште не работи на ребаланс на буџетот

Министерството за финансии ги анализира бројките, но засега нема конечна одлука за ребаланс на буџетот годинава, рече денеска министерот Драган Тевдовски. И покрај тоа што премиерот Зоран Заев минатиот месец рече дека се размислува за прекројување на државната каса во текот на летото, Тевдовски вели дека сега ќе се притиска за поголема реализација на капиталните инвестиции кои потфрлија и годинава. 

„Капиталните инвестиции ќе забрзаат, ќе бараме поголема посветеност во следниот период. Морам да кажам дека институцијата која е носител на капиталните трошења или Јавното претпријатие за државни патишта има реализација тројно поголема од планираното. Имаме позитивни и други показатели, а приходите се одлични. Во моментот нема поместувања, рече Тевдовски.

Заев на крајот на април изјави дека капиталните инвестиции се реализираат со полн ек, ама дека се размислува за ребеланс заради одличните перформанси, пред се, во приходниот дел, кои реално можат да предвидат почеток на нови капитални зафати во државата. Ребалансот, како што рече, е можно да се направи во текот на летото.

Тевдовски најави дека очекува успешна реализација на проектот повраток на ДДВ за граѓаните преку фискалните сметки кој треба да се реализира од јули.

Слично

Поврзани вести