Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го „испрати“ Груевски во историјата! Тој му врати – СДСМ ќе се соочи со народот

Заев го „испрати“ Груевски во историјата! Тој му врати – СДСМ ќе се соочи со народот
Лидерите на двете најголеми партии се задоволни од постигнатиот договор со прифаќањето на повеќе изборни и политички реформи, но не ги штедеа меѓусебните обвинување. По лидерската средба Заев порача Македонија победува бидејќи конечно се исполнети услови за демократски избори без насилство и фалсификување на гласачката волја. Груевски возврати дека СДСМ повеќе нема никакви изговори за бегање од избори и дека конечно ќе се соочи со народот. „На 11-ти декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот, корупцијата, етничките поделби и омразата. Ќе ги поразиме партизацијата на институциите, хајките, нарачаните судски процеси, мафијата. Мора да ставиме крај на иселување на младите луѓе и опустушување на земјата“, порача Заев. Груевски уште еднаш им посочи на противниците од СДСМ дека на изборниот ден народот ќе ја изрази својата волја и масовно ќе се спротистави на деструктивноста. „Се им беше удоволено и мораа да потпишат и да излезат на избори каде што народот ќе го даде главниот збор. Ние сaкамe да дојдеме до ситуација каде граѓаните ќе го дадат својот збор и тие да одлучат. Граѓаните гледаат кој работи, кој се бори за државата, кој работи д асе создадат дела, да се донесат инвестиции, а кој пак работи за да се направи деструкција, кој работи во правец на правење и продолжување на кризи. Граѓаните на 11 декември ќе излезат и ќе си го кажат своето мислење, каква политичка опција сакаат да ја води Македонија во иднина. Политичка опција која што прави кризи, политичка партија која што прави деструкции или политичка опција која што отвора нови работни места и подобри услови за граѓаните“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Следен чекор ќе биде формирање на преодна влада која конечно ќе се нафати на спроведување на предвидените реформи до изборите, а ќе се избира во петок. Договорот за одење на избори го поздравија и дипломатите во земјава кои заедно со партиите работеа на мактрпниот Пржински процес.
Слично

Поврзани вести