Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација

Премиерот Зоран Заев денеска коментираше дали граѓаните треба да се плашат од инфлација. 

Според него, растот на цените кај нас не е поголем, туку дури е и помал од генералниот раст на цените на светско ниво.  Заев вели дека кај нас инфлацијата е 1,8 отсто, корегирана е во буџетот и дека не се очекува да надмине 2,2 отсто.

„Тоа е во рамките на нормалата, а државата е тука да интервенира.  Тоа една од најважните услуги, електричната енергија влијае на сите други цени и се уште ја држиме стабилна, иако цената на берзите значително е згоплемена, сепак кај нас цената е останата иста. Интервенираме со други наши активности и мерки пред се преку стоковите резерви каде што е потребно со конечна цел да имаме стабилни нивоа на цените“, рече Заев.

Поскапување ќе има на маслото за јадење, лебот, но и сувомеснатите производи. Трошоците за живот во земјава постојано растат. 

Слично

Поврзани вести