Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Гневот на граѓаните ќе се истури по улиците на 17 мај

Заев: Гневот на граѓаните ќе се истури по улиците на 17 мај

Вчера вечерта после објавувањето на новите аудио снимки од Кавадарци, опозицијата заедно со кавадарчани маршираше низ градот.

Иако многумина шпекулираа дека големиот протест на СДСМ ќе биде на 9 мај, лидерот на оваа партија ги изненади сите.

Тој и официјално го најави најмасовниот сенароден протест за 17-ти Мај во Скопје.

– Ве повикувам на 17 мај, во недела на најголемиот општонароден митинг во Скопје. Вистината ќе ја донесе слободата на Македонија – рече Заев пред насобраната толпа граѓани.

Тој потенцираше дека во Кавадарци завршуваат протестите по градовите во внатрешноста на Македонија.

„Овде ја користам приликата да ве повикам сите, целиот наш народ, и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Власи. Ве повикувам сите и политички партии и здруженија на граѓани и работници, земјоделци, лекари, професори и наставници, сите кои знаат дека е вистинско време за превземање чекори, на голем сенароден протест, во недела, на 17 мај во главниот град на Република Македонија, во Скопје. Ве повикувам сите под знамето на Македонија“ изјави Заев.

Неодамна првиот човек на СДСМ, најави дека ова нема да биде обичен протест како и сите досегашни. „Тоа нема да биде обичен протест на кој ќе дојдеме, ќе си кажеме што имаме да кажеме и ќе си одиме. Овојпат не си одиме додека не падне оваа власт“, рече Заев.

Слично

Поврзани вести