Заев ги разреши директорите на ЕЛЕМ, МЕПСО, МЖ Инфраструктура, Македонија пат
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека за поливина час ќе започне владина седница на која преку надзорните одбори и надлежните министерста ќе бидат разрешени Драган Миновски, како директор на АД ЕЛЕМ, Сашо Василевски на АД МЕПСО, Гајур Кадриу на Македонија Пат, Ирфан Асани на Македонски жепезници Инфраструктура, Вулнет Адеми на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и Бардуљ Исуфи на Бирото за јавни набавки.
Ова се позначајните јавни претпријатија кои ќе добијат нови директори, додека Заев прочита стотина имиња на други институции од економијата, здравството, ибразованието и културата.
Ваквите разрешувања следуваат по рамки на „метлата“ од вториот и третиот ешалон, откако претходно беа заменети неколку министри во Владата.
