Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ги прими вработените на „Еурокомпозит“ и им вети инвеститор

Заев ги прими вработените на „Еурокомпозит“ и им вети инвеститор

Премиерот Заев и владина делегација се сретнаа со вработените и менаџментот на загубарот „Еурокомпозит“

„На состанокот се презентираа предлозите за трајно решение на деценискиот проблем кој резултираше со блокирана сметка и заостанати долгови. Посебно внимание беше посветено на една од нив која има најповолни елементи. Се работи за инвеститор кој работи во областа на наменската индустрија сосема соодветна на профилот на Еурокомпозит.“, се вели во владиното соопштение.

Договорено е да се разгледаат сите аспекти на решението и во следните 15 дена да се донесе заедничка одлука од интерес на вработените.

Работниците прогласени за тешнолошки вишок од прилепската наменска фабрика вчера се собраа на штрајк пред компанијата, барајќи конкретни одговори кога ќе им се исплатат отпремнините. Последно добиле ветување дека ќе се реши околу 22 март, но досега нема ништо.

Слично

Поврзани вести