Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ги повика Ромите да се борат за достоинствен живот

Заев ги повика Ромите да се борат за достоинствен живот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во земјава во свое и во име на партијата, и ги повика да се борат за достоинствен живот и слободна Македонија.

Овој ден на Ромите каде и да живеат во светот е потсетување на цивилизациските придобивки и поттик за натамошен развој, вели Заев.

„Ромите во Македонија се рамноправни граѓани во оваа земја и државата има обврска да ги обезбеди и штити нивните права. Во земјава, последниве 10 години се загрозени и погазени основните човекови права и слободи без разлика на различноста на граѓаните по каква било основа.  Секако целата јавност е сведок како тоа несовесно и насилно владеење на малата група на власт, посебно брутално и безобразно се рефлектирало врз нарушување и на правата на граѓаните Роми“-  стои во честитката. Заев ги повика Ромите, да ги кренат главите, да застанат цврсто и одважно, да се придружат, за себе, за своите деца, за своите семејства, во редовите на „оваа историска битка за слободна Македонија и достоинствен живот“.

И претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 8 април - Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија во која вели дека овој значен празник е можност за прослава на различноста, но и за евалуација на степенот на вклученост на ромската заедница во општествените текови.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во честитката наведе дека  Македонија е една од државите кои се активно вклучени во подобрување на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите.

Слично

Поврзани вести