Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Германскиот новинар погрешно ја интерпретирал мојата изјава за Смилковско

Заев: Германскиот новинар погрешно ја интерпретирал мојата изјава за Смилковско

Опозицискиот лидер Зоран Заев имаше интервју за германскиот весник „Ди Цајт“ во кој вели дека вистината за случајот „Смилковско езеро“ може да предизвика судири во Македонија.

Во дел од интервјуто тој вели дека седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, но вели дека оваа негова изјава е погрешно интерпретирана.

-Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско езеро или процесот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина“, рече Заев.

Заев посочи дека намера да става квалификации, туку да им ја обелодени вистината на граѓаните.

Слично

Поврзани вести