Заев: Економскиот совет на СДСМ развива нов пакет на мерки за економијата
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека се нуди помош за спас на мали и средни компании кои поради коронавирусот се најдоа во незавидна положба.
„Се грижиме и за граѓаните кои се дел од неформалната економија“, вели Заев.
Економскиот совет на СДСМ развива нов пакет на мерки кои ќе креираат додадена вредност во корист на закрепнување на економијата.
Вели дека за 300 отсто е зголемен бројот на маски, скафандери, а додаде дека има зголемен извоз и кај земјоделството.
Заев објасни дека ќе разговараат со коморите со цел да имаме што подобри мерки.
Слично
