Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Една година шетам со нож во грб – доста беше!

Заев: Една година шетам со нож во грб – доста беше!
 „Десната страна ми е понавалена. Од 2 јуни шетам со нож во грб“ изјави Зоран Заев во интервју за 24 вести, најавувајќи конечна победа на конгресот и нова состојба во СДСМ. „Тоа е мачна состојба. Не беше лесно. Јас повикав на единство и на 2 јуни лани, но знаејќи дека Заев не е Црвенковски, гледав да бидам и толерантен. Грозен е непријателот за да има простор за неединство. Но на крајот видов дека тоа не дава резултати“, вели Заев. Тој вели дека и после конгресот ќе повика на единство, но поинаку. „Така да на единство ќе повикам, ама на престројување. Мора да има ред. Спроведување на одлуките, а не минирање. Сите ќе застанат. Не да покажуваме дека тука сме, а не сме. Помести се дечко, ако не ти се работи, оди на втора трета позиција , ќе дојде друго дете. Цврстина и лидерство. Дојде моментот за тоа да се случи во СДСМ“ изјави Заев.
Слично

Поврзани вести