Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: Доказите ги добивме од загрижени граѓани за нивната слобода и демократија!

ЗАЕВ: Доказите ги добивме од загрижени граѓани за нивната слобода и демократија!

Ова што се случи денес, е дрзок обид на власта да го спречи објавувањето на сето она што го прават токму тие, а претставува доказ за газење на Уставот и законите во Република Македонија, токму од страна на Никола Груевски и неколку поединци околу него,  изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев на вечерашната прес конференцја.

Заев истакна дека со заканата за судскиот процес против него, премиерот Груевски нема да го спречи објавувањето на доказите.

„Никола Груевски и неколку поединци околу него и нивните партиски тајни служби, во изминативе години на власт следеле илјадници граѓани на Република Македонија, нарушувајки ја нивната приватност и професионален ангажман“, потенцира Заев.

Доказите и аргументите за незаконските и неуставните активности на власта, сиве години наназад, додава Заев се добиени од загрижени граѓани за слободата и демократијата во Република Македонија.

„Вистината е дека доказите што ги поседуваме, се добиени од службите во Република Македонија под контрола на Груевски и неколку поединци околу него, што е уште еден доказ дека системот на контрола на ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа. Во Македонија има чесни и одговорни луѓе кои си ја сакаат сопствената земја“, вели Заев.

Заев прецизира дека она што го вели премиерот е лага и дека тој никогаш никој не уценувал, ниту пак ќе уценува.

„На Никола Груевски јасно и прецизно му кажав дека поседуваме докази за неговото криминално владеење, а на цела Македонија и ветив дека никој нема право вистината да ја сокрие од граѓаните на нашата татковина“ изјави лидерот на опозицијата.

„Ниту јас, ниту СДСМ, ниту некој од опозицијата ги крши Уставот и законите во Република Македонија. Уставот и законите ги крши власта на Никола Груевски и поединци околу него“, рече тој.

Во периодот што следува, истакна Заев јавноста ќе биде запознаена со сите докази што ги имаат и истите ќе им покажат на граѓаните како власта ја уништува Македонија.

Поради тоа што постои целосна спрега помеѓу МВР, обвинителството и судството, ја повика меѓународната заедница внимателно да го следи и соодветно да реагира во целиот процес, поради тоа што се работи за слободата и демократијата на земја членка на Обедниетите нации и земја кандидатка за членство во ЕУ.

Тој ги повика сите граѓани внимателно да следат се што објавува опозицијата и дека од денеска испишуваат нова страница за иднината на Македонија во која луѓето ќе живеат во слобода и демократија и никако поинаку.

 

Слично

Поврзани вести