Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев дојде во судница

Заев дојде во судница


Македонскиот премиер Зоран Заев денеска бо Кривичниот суд да се појави како сведок на Јавното обвинителство на рочиштето за случајот „Таргет и Тврдина“. Шефот на македонската Влада ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување од УБК. 

Сведочењето на Заев ќе следува откако пред две недели заврши со исказ поранешниот разузнавач и негов советник, Зоран Верушевски. До сега во овој случај сведочеа и двајцата свиракачи од УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.


Фото: Слободен Печат

Во Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.




Слично

Поврзани вести