Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев доби подршка од ЛДП и НСДП за објавувањето на „бомбите“

Заев доби подршка од ЛДП и НСДП за објавувањето на „бомбите“

По петочното завршување на Централниот одбор на СДСМ едногласно се донесе одлуката да започне објавувањето на „бомбата“, со што според нив, сите криминали ќе излезат на виделина.

Подршка на оваа иницијатива за обелоденување на доказите и аргументите кои ги поседува и најавува опозицијата дадоа и ЛДП и НСДП.

„Либерално-демократската партија го свика овој Централен Одбор со цел да даде целосна поддршка на Зоран Заев, претседател на СДСМ да почне со постапката на обзнанување на материјалите со кои ќе се дознае начинот на владеење на оваа власт“, изјави новиот претседател на ЛДП Горан Милевски.

„Обврска е на секој граѓанин јавно да ги соопшти неговите сознанија за сите незаконски дејствија на претставниците на власта кои се штетни и опасни по стабилноста на државата.Затоа сметаме дека е крајно време власта да се соочи со вистината за нејзините штетни политики. Најдобра можност за тоа е обелоденување на сите сторени криминали, сета корупција и сите злоупотреби на власта. НСДП дава целосна и безрезервна подшка  на председателот на СДСМ, Зоран Заев, во обелоденување на вистината и на битката за враќање на демократијата, слободата и демократските вредности во Република Македонија“ се вели во соопштението на партијата.

Опозицијата преку проектот „Вистината за Македонија“ од понеделник ќе почне да ги објавува доказите кои што ги поседува.

[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/02/06/padna-odluka-opozitsijata-ke-gi-objavuva-bombite-od-ponedelnik/" target="blank" ]ПАДНА ОДЛУКА: Опозицијата ќе ги објавува „бомбите“ од понеделник![/button]

Слично

Поврзани вести