Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: До вториот круг ќе ги откриеме криминалите на власта!

Заев: До вториот круг ќе ги откриеме криминалите на власта!
Во второто полувреме од изборната трка власта влегува со психолошка предност, но ние сме силно решени да го разоткриеме нејзиниот криминал, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој одржа уште една пресконференција еден ден по првиот круг на претседателските избори. Тој оцени декан вчерашните изборни резултати се „резултат на системски притисок на власта на Никола Груевски врз граѓаните преку државните инструменти, во изминатите 8 години од неговотo владеење“. „Поддршката за кандидатот за претседател Стево Пендаровски е реална и огромна. Проверено е. Задоволни граѓани нема. Луѓето сакаат промени. И тутунарите и градинарите, и земјоделците, и кај јавната администрација на којашто ѝ е смачено да гласа под уцени. Го споделуваа тоа со нас“, нагласи Заев. Според лидерот на опозицијата, во вториот дел од изборната кампања СДСМ ќе преземе одговорност да ѝ открие на јавноста како Груевски победува на изборите и покрај тоа што незадоволството на граѓаните е големо. „СДСМ ја презема обврската тоа да го стори во име на доброто на сите граѓани во државата, во име на демократијата во Македонија и во име на Република Македонија. Наредните денови сите ќе дознаат кој е главен креатор на криминалите во државата поради коишто страда нашиот народ“, се закани Заев.
Слично

Поврзани вести